Заев: Не барам отштета за нелегалното прислушување

by fokus 13:39
13:39

Премиерот Зоран Заев по денешното сведочење во Кривичниот суд за случајот „Таргет и Тврдина“ рече дека нема да бара отштета за тоа што нелегално бил прислушуван. На прашањето на судијата дали се приклучува на кривичниот прогон кон обвинетите и дали предјавува штета, бидејќи и самиот бил прислушуван, Заев рече:

-Се приклучувам кон кривичниот прогон како лице кое било таргет, односно прислушувано, но не барам штета. Штетата, барем делумно, може да биде исправена со донесување на законска одлука на почитуваниот суд, рече Заев.

По кратка пауза, одбраната ќе се изјасни дали вкрстено ќе го испрашува Заев.

В.В.

Поврзани новости