Заев: Нашата намера е да ја активираме брзата лента за преговорите, нема да дозволиме причини за нови одлагања

by Fokus

Премиерот на Владата Зоран Заев и евроамбасадорот Дејвид Гир одржаа заедничка прес-конференција во Владата на РСМ.

Имавме плоден состанок со новиот евроамбасадор, нашата намера е да ја активираме брзата лента на преговорите по поглавја со целосно и безусловно исполнување на нашата ЕУ агенда. Нема да дозволиме причини за нови одлагања, за нас е профатлив нивиот принцип за реверзибилност на процесот доколку се случи декрадација на демократскиот амбиент на нашата земја, но нашата обврска останува и ќе биде  тоа да не се случирече Заев.

Тој истакна дека оптимизам внесуваат сигналите од нашите европски партнери, дека билатералните прашања не треба да бидат камен на сопнување во фазата на завршните преговори.

Со Бугарија сме сојузници во НАТО, имаме заедничка обврска и должност да ги подобруваме добрососедските односи, меѓусебната соработка и да градиме пријателство- рече Заев.

Ова е прва средба со евроамбасадорот Дејвид Гир, чиј мандат како шеф на Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија е четири години.

Шефот на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гер во понеделникот му ги предаде акредитивните писма на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Поврзани новости