Заев: Нашата Македонија е северниот дел од историската, нели секогаш учевме дека има Егејска и Пиринска?

by fokus

Премиерот Зоран Заев на денешниот марш за европска Македонија повтори дека со Договорот Грција го признава македонскиот јазик и идентитет.

-На името ќе ја додадеме придавката северна, што е факт. Нашата Македонија е северниот, горниот дел од историската Македонија. Па нели отсекогаш учевме дека има Егејска и Пиринска Македонија? Сега ли треба да тргнеме да го освојуваме Солун со пушка во 21 век? Грција го призна македонскиот јазик и нашиот македонски идентитет. Со овој Договор, уште повеќе до зајакнавме и зацврстивме нашиот идентитет. Овој Договор е најдобриот на свет, никој во светот не можеше да добие подобар договор, рече Заев.

Поврзани новости