Заев: Наша заложба е зелена енергија, здрава животна средина и нови работни места

by fokus

Една од главните заложби на Владата е да ги постави енергетските политики на стабилно долгорочни основи базирани на чиста, зелена енергија, создавање услови за одржлив раст на економијата, здрава животна средина и нови работни места, истакна премиерот Зоран Заев во обраќањето на Социо-еколошкиот форум во Скопје.

Заев посочи дека новиот Закон за енергетика е целосно услогласен со ЕУ и Енергетската заедница и овозможува реализација на новата стратегија за енергетиката до 2040 година и националниот план за клима и енергија.

Посочи дека се работи и на трансформација на ТЕЦ Неготино од мазути на гас, а потоа на хидроген, од 220 мегавати, вредни 60 милиони евра. Грчката компанија Митилиенеос ги завршила сите подготовки за втора гасна централа во Скопје, проект вреден 100 милони евра со 110 мегавати и со топловодна мрежа за покривање на една третина од главниот град.

– Влеговме во проектот во Александрополис за изградба на голем гасен терминал вреден 600 милиони евра, како и 800 мегаватна гасна централа во која Северна Македонија ќе учествува со 25 проценти. Во Штип во областа Три чешми се водат преговори за изградба фотонапонска централа од 450 мегавати, вредна 280 милиони евра. Во Битола на местото на трите блока на јаглен каде сега се произведува 72 отсто од домшната електрична енергија, се планира изградба на два пати по 200 мегавати гасна централа и дополнителни 160 мегавати фотонапонска централа. Еден од најголемите проекти е Чебрен со Орлов мост, проект вреден 700 милиони евра со 350 мегавати. Обезбедена е и доплнителна локација за 50 мегавати кај Миравци. Потпишан е договор до ЕУ и ЕБОР за „гас транзишн“ за транзиција на јаглените региони, кажа Заев.

Поврзани новости