Заев: Народе мој, 2021 година ќе биде можност да ја надминеме здравствената криза

by Fokus 09:46
09:46

Премиерот на Македонија, Зоран Заев на својот профил на Фејсбук ја честиташе Новата година, притоа апелираше празниците да се поминат во кругот на семејството.

„Ја испративме годината запаметена по светска пандемија која целосно ни го измени начинот на живеење. 2021 година ќе биде година на вакцинацијата и можност да ја надминеме оваа здравствена криза. На патот до безбедност и сигурност, во 2020 година се оствари нашиот стратешки сон – Северна Македонија е членка на НАТО. Сега погледот е кон ЕУ. Нашето членство во Унијата нема алтернатива.

- Advertisements -

За годината пред нас поставивме десет приоритети од нашата „Акција 21 – европски стандарди дома”: Правда и ред, борба со корупцијата и криминалот, квалитетно здравство, повисок животен стандард, стабилни услови за бизнис и високо платени работни места, достоинствена социјална помош, здрава животна средина.

Народе мој, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и сите кои живеете во Северна Македонија, да ја почнеме 2021 година со тоа што ќе празнуваме одговорно.

Празниците да ни минат во кругот на блиските за чие здравје и безбедност секојдневно се бориме. Да покажеме одговорност и да ги почитуваме препораките. Ви посакувам среќна и успешна Нова 2021 Година“, напиша Заев.

 

Поврзани новости