Заев: Најголемите проблеми се зад нас, а патот што го избравме ни гарантира подобро утре

by fokus 21:36
21:36

Премиерот Зоран Заев вечерва на неговиот фејсбук профил напиша дека државата е на вистинскиот пат, кој гарантира подобро утре.

-На прав пат сме. Најголемите проблеми се зад нас, а патот што го избравме ни гарантира подобро утре. Тоа е патот на раст на платите, на градежната офанзива, патот преку кој парите одат кај граѓаните. Тоа е патот за заедничка борба против загадувањето, против сиромаштијата и против корупцијата. Тоа е патот на сигурноста, безбедноста и слободата – патот до НАТО и ЕУ. На тој пат, секој од нас треба да преземе иницијатива и да ги искористи можностите кои постојат. Време е сите да се приклучиме на сигурниот, на брзиот, на правиот пат и да дадеме свој придонес. Така ќе постигнеме уште повеќе, за нашите деца, за нашата земја, за нас самите, за подобар живот. Приклучи се, на прав пат сме!, напиша премиерот Заев.

- Advertisements -

Тој посочува дека според ветеното, 5% покачување на септемвриската плата ќе добијат здравствените, социјалните, просветните работници, полицијата, одбраната и целиот јавен сектор.

-Ова е трето зголемување на платите во здравството и второ во армијата и образование и детските градинки. Зголемувањето на платите на администрацијата, како и мерката која е насочена за зголемување на платите во приватниот сектор ќе го подобри животниот стандард на граѓаните, стои на фб статусот на премиерот Заев објавен вечерва.

Поврзани новости