Заев најави поврат на ДДВ од 2019 година, до 30.000 денари назад во секое семејство

by fokus

Премиерот, Зоран Заев, најави дека од 2019 година ќе се спроведе предизборното ветување на СДСМ за поврат на ДДВ кај граѓаните. Со тоа, рече тој, секое семејство ќе добие на годишно ниво од 25.000 до 30.000 евра. Како што појасни тој повратот ќе се пресметува како 15 отсто од ДДВ-то исплатен при секоја фискална сметка.

-Со ова веруваме дека ќе се зголемат приходите во буџетот од наплата на ДДВ затоа што граѓаните ќе бидат мотивирани да го плаќаат. На тој начин би се намалила даночната евазија. Сметам дека ова е вбризгување на огромни пари кај граѓаните. Ќе се зголемат приходите во секое семејство, со лимит кај богатите – рече Заев на денешната седница во Собранието одговарајќи на пратеничко прашање од пратеникот Илија Димовски.

Како што рече премиерот, на мерката ќе и претходи пилот проект кој ќе се реализира во два региони во Македонија за да се утврди дали системот ќе функционира.

-Ваков систем изискува соодветна административна подготовка. Во второ полугодие на 2018 ќе ги испробаме овој систем на две места во Македонија за да го провериме неговото функционирање и за да ги слушнеме ставовите, да ги утврдиме предности и слабости. Ако системот функционира, граѓаните ќе бидат мотивирани и ќе си бараат фискална сметка насекаде, а преку тоа целиот систем на уплата на ДДВ ќе се зголеми. Ова е механизам кој успева во одредени земји. Ако двата региони ги дадат овие резултати, во 2019 одиме низ цела територија – додаде премиерот.

Поврзани новости