Заев најави мерки против осомничениот функционер на СДСМ

by fokus

Премерот, Зоран Заев, одби да го коментира денешното соопштение од Јавното обвинителство, од каде информираа дека е проширена истрагата за случајот „Рекет“ и дека меѓу осомничените е и јавен функционер. Заев рече дека за информацијата дознал пред самиот почеток на денешната прес конференција во Владата, а од новинарите дека осомничениот функционер е пратеничката и потпретседателка на Собранието, Фросина Ташевска Ременски.

-Ја добив информацијата дека има соопштение, а за кои лица се однесува, дека се работи за потпретседател на Собранието, тоа слушнав од вас. Нашиот став е секој пат кога лице е осомничено или обвинето, да преземеме мерки и санкции, времено отстранување на тоа лице, се додека не си ја докаже својата невиност. Прво да прочитаме за што е тоа лице осомничено, треба да испочитуваме еднаков третман пред законите – рече Заев.

Премиерот додаде дека утре ќе се произнесе за проширувањето на случајот „Рекет“.

-Не е чесно да коментирам нешто што не сум го прочитал. Принципиелно стоиме како Влада, приоритет ни е владеење на правото, односот мора да ни биде чесен ако сакаме враќање на правна држва, а законот да важи за сите – посочи тој

Поврзани новости