Заев на средба со Села и Гаши за решение за законот за државјанство

by Fokus

Во Собранието денеска претпладне почна средбата меѓу премиерот Зоран Заев и претседателите на опозициските албански политички партии, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши.

Ова е втора средба на Заев со претставници на албанската опозиција – АА и Алтернатива. На средбата покрај Заев, присуствува и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа.

На средбата треба да се разговара за законот за државјанство и решавање на проблемот со немањето државјанство на одреден број граѓани, како и за одблокирање на работата на Собранието.

Решавањето на прашањето на државјанство би придонело и во деблокирање на Собранието од илјадници амандмани кои ги достави коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Поврзани новости