Заев на средба со премиерот на Белгија: Со право очекуваме неусловена препорака од ЕУ

by fokus 21:46
21:46

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, се сретна со премиерот на Кралството Белгија, Чарлс Мишел.

Белгискиот премиер го честиташе изборот на премиерот Заев за претседател на Владата на Република Македонија и го поздрави, како што рече, лидерството, што го покажува премиерот Заев во предводењето на новата реформска Влада.

- Advertising -

-Реформски определената Влада придонесува на патот на Македонија на евро-атлантските интеграции, оцени премиерот на Белгија, Мишел.

Белгискиот премиер, Мишел, додаде дека определеноста кон реформи согласно европските стандарди и добрососедските односи кон коишто видливо е определена Владата на Република Македонија придонесуваат во остварувањето на овие две стратешки цели на државата.

– Владата на Република Македонија вети квалитетен живот за граѓаните и преземаме чекори што тоа го обезбедуваат. Низ реформскиот процес, преточен во Планот 3-6-9 и иницијативноста за активна регионална и меѓународна соработка со пријателите на Македонија, отвораме можности и ги охрабруваме домашните и странските инвеститори да инвестираат во Македонија. Тоа сметаме дека ќе придонесе кон економски развој, како и кон реализација на аспирациите за членство во ЕУ и НАТО, рече премиерот Заев.

Премиерот Заев соопшти поради дека ваквите принципиелни политики на Владата на Македонија, Република Македонија со право очекува тргање на условеноста на препораката за ЕУ, а потоа и датум за преговори, како и покана за членство во НАТО.

Поврзани новости