Заев на средба со Ќучук: Фокусирани сме на правосудството

by Фокус

Премиерот Зоран Заев и европратеникот и известувач за Македонија во Европскиот парламент Илхан Ќучук на денешната средба констатирале дека билатералните односи треба да се решаваат посебно меѓу државите и не треба да бидат дел од европската преговарачка рамка.

-Целосно сме фокусирани на реформите, со најголем фокус на правосудството, каде започна практичната имплементација на донесените законски решенија. За нас нема алтернатива за членството во Европската унија. Низ политиките на разбирање и дијалог ќе продолжиме да работиме, со цел придонес во добрососедските односи и не само затоа што тоа е важно за европскиот начин на однесување, туку и поради потребата од пријателските односи помеѓу соседските држави – рече Заев.

Поврзани новости