Заев на состанок со ЕУ амбасадорите: Да продолжи дијалогот со Бугарија

by Фокус
Во Владата денеска се одржа редовниот годишен состанок на шефовите на дипломатските мисии на земјите членки на ЕУ, на која премиерот Зоран Заев ги информираше амбасадорите за актуелните и најважни активности во процесот за интеграција на земјата во Европската Унија.
Како што соопштија од Владата, Заев пред амбасадорите детално го образложи континуитетот на тековните реформски процеси, особено во делот на правосудството, борбата против корупцијата, реформите во јавната администрација.
Амбасадорите на земјите членки на ЕУ, пак, покажаа посебен интерес за активностите за решавање на отворените прашања со Република Бугарија поради кои не се постигна консензус за преговарачката рамка за Северна Македонија во Брисел.
Притоа, на состанокот беше истакнато неподелено мислење дека процесот треба колку што е можно побргу да продолжи и да заврши со старт на преговорите за членство на земјата во ЕУ.
„Членството на Северна Македонија во ЕУ нема алтернатива за нас е важно, да го продолжиме дијалогот со Бугарија, во духот на меѓусебно почитување и во имплементацијата на договорот за пријателство преку поинтензивна меѓу-секторска соработка. Истовремено остануваме цврсто определени за одредени прашања, кои се наши црвени линии, како што е македонскиот идентитет и македонскиот јазик, за нив не преговараме“, рекол Заев.

Поврзани новости