Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на средбата амбасадорот на Полска, Јацек Мултановски, уште еднаш порачал дека потребно е формирање на нова Влада која ќе организира и спроведе брзи и регуларни избори.
„Објавивме план за излез од кризата, преку обезбедување на владеењето на правото и спроведување слободни, фер и регуларни избори, што поскоро. Врз база на принципите договрени во Пржино, треба да се организира влада која ќе ги исполни сите услови за фер и регуларни избори. На Македонија ѝ се потребни регуларни избори час поскоро, кои ќе бидат гарант дека слободната волјата на граѓаните ќе биде испочитувана во целост“, рекол Заев на средбата.
На средбата се разговарало за актуелната политичка ситуација во Македонија, планот за излез од кризата и за евроатланските интеграции на земјата. Покрај тоа, полскиот амбасадор Мултановски го поздрави повлекувањето на сите аболиции и порача дека со тоа се отворило пат за враќање на правдата.