Заев: На Македонија и требаат силни лидери

by fokus

Премиерот Зоран Заев денеска по средбата со помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Вес Мичел, истакна дека на Македонија и требаат силни лидери  и уште еднаш ја повика опозицијата јасно да се определи во однос на претстојниот референдум. Нагласи оти е потребно лидерство кое што ќе го препознае сегашниот момент. Изрази убедување дека и со оглед на последните анкети голем процент од македонските граѓани ќе се одлучат дека нашата иднина е да станеме дел од најмоќниот политичко-воен сојуз НАТО и најмоќниот економски сојуз Европската унија.

Премиерот потсети оти Мичел првпат во земјава дошол во март кога, како што рече, тој лично му ги најавил чекорите коишто ќе се преземат во насока на надминување на препреките што стојат на патот на Македонија кон ЕУ и НАТО.

– Оттогаш успешно решивме неколку прашања, а меѓу нив е постигнувањето на Договорот со Грција, рече Заев и додаде оти следниот историски чекор е успешниот референдум на којшто граѓаните ќе одлучат за својата иднина.

Поврзани новости