Заев на интервју во МРТ: Сакаме да мотивираме независни луѓе да се пријават за јавен обвинител

by fokus

Сакаме да мотивираме независни луѓе кои немаат политичка афилијација кои би биле спремни да се фатат во костец со една многу значајна функција – јавен обвинител на РМ. Зврлески го повикавме да даде оставка, ние сепак почнавме процедура, правото на предлог е на Владата, правото на избор е на Собранието но и со улога на Советот на јавни обвинители, изјави вечерва премиерот Зоран Заев.

Тој во моментот е во студиото на МРТ каде новинари и уредници од повеќе медиуми се дел од интервјуто и поставуваат прашања на разни актуелни политички теми.

Заев рече дека сите независни експерти кои се заинтересирани треба да се пријават да ја добијат функцијата која ќе има историска улога да ја врати правдата во земјава – јавното обвинителство.

„Владата е целосно подготвена да се растерети од сите идни функции во судството. Која е таа истрага во 11 години која е отворена од државното обвинителство против некој министер или функционер?“, праша Заев.

Тој одговараше и на прашања на новинарката од Сител, Славица Арсова која праша зошто владата ќе ја укине програмата Кембриџ која веќе се спроведува, исто како што се укина и екстерното.

„Апсолутно беше апсолвирано прашањето за екстерното дека не ги даде резултатите според она како што се наметна како проект. Стравот и траумите не го унапредуваат образовниот процес. Нашиот пристап ќе биде наградување и учење без казнување. Најавивме укинување на вториот проект во средното образование, и најавивме дебата. Во Англија тој процес бил донесен по неколку годишна дебата а кај нас дојде од небо и беше наметнат“, рече Заев.

Тој кажа дека во администрацијата никој нема да го изгуби своето работно место доколку е квалитетен и ги исполнува своите обврски на задоволително ниво, но луѓе кои сакаат да седат дома а да земаат плата сигурно ќе води кон тоа да ја изгубат работата.

Заев исто така ја прифати поканата на телевизија НОВА да дојде на интервју, откако новинарката на оваа телевизија се пожали дека СДСМ ги игнорирала.

За Македонската радио телевизија Заев рече дека тие немаат аспирации таму да пуштат партиски луѓе кои само ќе ја променат страната.

„МРТ ќе биде финансирана од државниот буџет, укинувањето на радиодифузната такса значи дека го менуваме начинот на финансирање на МРТ. Јас сега не смеам ни да помислам да го правам во медиумите истото што го правеа нашите претходници, да трошат огромни пари во медиумите тоа треба ни на крај памет да не ни биде“, рече Заев.

Поврзани новости