Заев: На есен треба да има ребаланс на буџетот

by Fokus

На денешната прва седница на Владата ќе се распределуваат ресорите и портфолијата на министрите без ресори и ќе се поставуваат заменици претседатели на Владата, ќе се избира генерален секретар, шеф на кабинет и ќе се воспостават постојните и адхок комисиите во Владата за да може да се постават стартните контури на Владата, најави премиерот Зоран Заев.

– На седницата ќе им ги дадам стартните насоки за сите министри согласно програмските определби на Владата. Во првите извештаи сите министри ќе реферираат во Владата, а верувам дека тоа ќе го направи и министерот Тевдовски. Сметам дека треба да ги почекаме нивните согледувања за состојбата на Буџетот. Мој прв впечаток е дека есенва мора да следува ребаланс на Буџетот заради новата владина програма и политики, но тоа зависи и од моменталната финасиска кондиција и ликвидност на Буџетот на Република Македонија, изјави премиерот Заев во одговор на прашање пред почетокот на конференцијата „Жени во енергетика“ што денеска се одржува во Скопје.

Една од темите на неформалниот дел на седницата на Владата, нагласи, ќе биде економскиот пакет на закони што се подготвуваше целиот период додека граѓаните очекуваа нова Влада.

– Тоа е делот за реализација на ветувањата за укинувањето на радидифузна такса, враќањето на евтината тарифа на струјата, социјалниот пакет за најранливите категории на граѓаните,… Дел од овие мерки ќе имаат своја реализација со новиот буџет, а дел ќе почнат веднаш да се реализираат – потенцира Заев.

Поврзани новости