Заев: „Мртвиот капитал“ ќе се оданочи со 10 отсто и да се инвестира за 2 години

by Фокус

Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју на Алсат М изјави дека целта на идејата за внес на капиталот од надвор е да се ставиа „мртвиот капитал“ во функција на развој на државата. Сепак, како што рече тој, процесот ќе биде според строго дефинирани критериуми.

-Средствата што ќе се легализираат ќе се даночат за да се полни граѓанскиот буџет за проекти за граѓаните. Потеклото на парите ќе се проверува и оваа можност нема да важи за оние за кои се водат судски постапки и има обвиненија за нелегален бизнис, криумчарења и слично. Сето ова постои во европските земји. Во координација сме со Делегација на ЕУ за да се стави и овој ресурс во функција на развој на државата – рече Заев.

Тој појасни дека лицата кои ќе ги внесат парите на сметка плаќаат 10 отсто и во следните две години треба да ги инвестираат средствата.

-Во недвижнини, да купат акции во компанија, да инвестираат. Поточно да се стават парите во функција на личниот развој, а државниот развој е всушност личниот развој на секој поединец или правен субјект во државата. Втората опција е да купи државна обврзница со нула каматна стапка – истакна Заев.

Поврзани новости