Заев: Верушевски ги исполнува условите да биде директор на УБК

by Fokus

Премиерот Зоран Заев денеска беше повикан во Специјалното јавно обвинителство во својство на оштетен во случајот “Таргет”, кој се однесува на незаконското следење на комуникациите.

Одговарајќи на новинарско прашање во однос на прислушувањето, кој би бил новиот директор на УБК, и дали постои можност Зоран Верушевски да дојде на таа позиција, Заев рече дека ексдиректорот на оваа институција ги исполнувал сите услови, но дека, најважно му е на чело на УБК да застане експерт кој ќе биде соодветна гаранција дека во Македонија службите работат соодветно.

Верушевски не сакаше да даде никаква изјава во врска со случајот на СЈО и не сакаше да одговори на прашањето дали повторно би бил директор на УБК.

Поврзани новости