Заев: Мнозинството ќе го преземе водењето на седницата ВИДЕО

by fokus

Постојат сите можни алтернативи кои што Уставот, законите и Деловникот го дозволуваат во делот на пленум мнозинството да носи одлуки и согласно уставните, законските, мислам пред `се на Законот за Собрание и Деловник на Собранието, мнозинството ќе го преземе под контрола водењето на седницата, изјави Зоран Заев, лидерот на СДСМ во врска со ќорсокакот во кој се наоѓа конститутивната собраниска седница.

Лидерот на СДСМ, очекува од Доналд Туск, денеска на претседателот Ѓорге Иванов да му пренесе прецизни укажувања од Европа околу излезот и решението на политичката криза.

„Од вака висок претставник кој е во посета на Македонија, и има закажан состанок со господинот Иванов, претседател на Република Македонија, очекувам прецизни укажувања од пријтелска Европа, токму во делот на излез, на решенија поврзани со политичката криза во Македонија. Секако ќе ги слушнеме изјавите на господинот Туск после посетата на господинот Иванов, верувам дека тоа ќе биде во ист дух и иста конотација на она што го слушаме од целиот демократски свет, сиве овие денови и месеци наназад, а тоа е мирен и брз трансфер на власта, предавање на власта, почитување на Уставот на Република Македонија, почитување на декларираното и оформено мнозинство – рече Заев.

Тој уверува декадека парламентарното мнозинство нема да дозволи малцинството во Собранието да го развлекува процесот до бескрај.

– Позади нас е една цела седмица, кадешто со сите будалаштини, малцинството се изживува и врши терор врз декларирано и оформено мнозинство во Собранието на Република Македонија. И ај тоа што го прави, ова изживување и терор го прави и врз граѓаните преку камерите коишто очекуваат конечно демократските процеси да се придвижат. А тоа е да се избере претседател на Собранието, да се избере Влада и пополека да се движат процесите во интерес на сите граѓани на Р.Македонија. Може да остане мнозинството толерантно, може да биде таму присутно и да даде секакво право на дискусија. Дискусијата по Деловник постои, но таа мора да биде дефинирана онака како што е опишана во членот 90 од Деловникот, а тоа е говорникот да говори за точката на дневен ред и репликите да бидат согласно членот 89, значи нека има реплики, но репликите мора да бидат за да се отстрани некој неточен наод или да се даде на самиот наод забелешка во однос на тоа дека одреден пратеник не се согласува со само дадениот наод. Тоа е прецизно како бел ден. Оттука треба да знае малцинството,а пред се претседавачот на Собранието дека оформеното и декларирано парламентарно мнозинство има право и обврска да ја преземе контролата врз Парламентот преку бирање на претседател на Парламентот од своите редови и преку тоа да ја превземе одговорноста за водењето на Парламентот. Парламентарното мнозинство нема да дозволи ова да се развлекува до бескрај, ќе си ги исполни своите уставни права и обврски– рече Заев.

Според лидерот на СДСМ има алетрнативи кои Уставот, законите и Деловникот на Собранието ги дозволуваат и врз основа на кои пленумот на мнозинството може да носи одлуки.

Поврзани новости