Заев: Мицкоски им се извинува на граѓаните за лидерска која сам ја бараше, Господ да чува и да брани

by fokus

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев по лидерската средба прво ја коментираше изјавата на опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски во која тој им се извини на граѓаните затоа што ги замарале граѓаните со датум за избори наместо да се грижат за нивното здравје.

-Сакам да потсетам дека лидерските средби се на негово барање, и претходната и оваа. И тој за ова им се извинува на граѓаните, Господ да чува и да брани, рече Заев.

Тој потврди дека на денешната средба лидерите не договорија датум за избори.

Поврзани новости