Заев: Мицкоски е стечаен управник на ВМРО-ДПМНЕ, политичарите со лепливи прсти губат на избори

by fokus

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска преку својата Фејсбук страница го нарече Христијан Мицкоски стечаен управник на ВМРО-ДПМНЕ.

-Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски јавно призна дека ВМРО-ДПМНЕ во моментот е најзадолжена политичка партија, со долг од околу осум милиони евра. Христијан Мицкоски е стечаен управник, извршител на Никола Груевски, осуден криминалец и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ кој ја задолжи земјава со милијарди евра, а неговата партија со милиони евра. Кога секој член од нивната партија го задолжиле со стотици евра, со колку илјадници евра би го задолжиле секој граѓанин на нашата држава ако повторно се доберат до државната каса? – Со николку бидејќи граѓаните нема да дозволат да допрат до државниот буџет. Политичарите недомаќини со лепливи прсти губат на избори, напиша Заев.

Поврзани новости