Заев: Мицкоски е полош од Груевски, од толку работни места избра да биде асистент кај татко му

by Фокус

Христијан Мицкоски е полош од Никола Груевски, порача лидерот на СДСМ Зоран Заев од Кавадарци.

-Од 800 000 работни места во државата, тој избра асистент на татко му да биде. Ама го нема веќе тато, ќе има само пораз на изборите. Целата камапања им е негативна, од уста не ме извадија, само Зоран Заев го зборуваат насекаде. 12 години го уништија народот и државата, паметите добро како се владееше, субвенции се делеа во партија, ако ти се намерчат на фирмите ти отиде бизнисот, ако вие нешто погрешите готово е со вас…  Сега Мицкоски е како исцелител, ќе ја исправел државата, откако со режимот го паднаа народот на колена. Сега ВМРО ДПМНЕ со книшки ќе ги чувале младите дома, кои млади? Оние илјадници што ги избркаа? – рече Заев.

Поврзани новости