Заев: Мицкоски без аргументи ги осудува економските мерки

by fokus

Сите земји земаат кредити за да го помагаат стопанството зашто ниту една земја не е толку силна за да обезбеди самостојно толку многу финансиски средства за да се справи со оваа глобална криза и затоа успеавме да обезбедиме доволно поволни заеми и финансиски средства за да ги поддржиме сите пакети од економски мерки за справување со последиците од пандемијата со КОВИД-19, истакна премиерот Заев во „Само интервју“ на ТВ канал 5.

-Лидерот на опозицијата Мицкоски без аргументи ги осудува економските мерки за поддршка на граѓаните и на стопанството во услови на една ваква криза. Секој го препознава како неаргументиран и недоличен таквиот нападот на мерките кои опфаќаат огромен број граѓани и компании. Сите мерки, вклучувајќи го и последниот четвртиот, во својот фокус ги имаа граѓаните од различни категории, како мерки инвестиции се во човечкиот капитал, во компаниите, дополни премиерот Заев.

Поврзани новости