Заев: Мијалков се пријави, правдата е обезбедена

by fokus

После преземената акција објавувам конкретен резултат од кој имаме значаен успех: Се пријави Сашо Мијалков во Обвинителството за организиран криминал и обезбеден е неговиот домашен притвор!Институциите ги презедоа сите редовни и вонредни мерки во врска со бегството на Сашо Мијалков.

Координацијата помеѓу сите институции со сите активности што се презедоа во последниве 40 часа дадоа резултат. Правдата е обезбедена, ќе ја има и повеќе и почесто!, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук профил.

Заев посочува дека ќе следува и негова изјава за медиумите за што јавноста дополнително ќе биде информирана.

Поврзани новости