Заев: Мерките против Ковид-19 даваат ефект, да продолжиме да ги почитуваме

by fokus

Премиерот Зоран Заев изрази задоволство од почитувањето на мерките за заштита од Ковид -19 и порача граѓаните да продолжат да се придржуваат кон нив.

-Пред две и пол недели кога донесовме одлука да ги затвориме угостителските објекти и полицискиот час да биде од 20 часот бројките на новозаболени беа 1520, 1480. Веќе после една недела паднаа на 1200, 1100, сега се 800, 750, 640, значи даваат ефект мерките, секако недоволен. Треба да продолжиме да ги почитуваме мерките, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на фотонапонска централа во Тетово, Општина Брвеница.

Конечна цел, додаде премиерот, е реално да ги пречекаме празниците во семејна атмосфера со помалку болни граѓани, помалку загубени човечки животи.

Поврзани новости