Заев: Мало сутра дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на власт

by fokus

Лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, синоќа од Куманово ги повика граѓаните да излезат на претседателските избори и да гласаат за Стево Пендаровски.

За првите луѓе на ВМРО-ДПМНЕ рече дека се прават големи патриоти и големи вмровци, но дека сите потекнуваат од други партии.

-Се прават големи патриоти, националисти, вмровци. Но дали знаете дека Груевски доаѓа од Демократска Алтернатива, Христијан Мицкоски од Социјалистичка Партија, а Гордана Силјановска била во Владата на СДСМ. Целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ е инаку од Народна партија. Биле тврдокорни вмровци.. Само власт ги интересира. Спремни се државата да ја пуштат низ вода само да се вратат на власт, ама мало сутра, веќе назад нема, нема враќање. Избравме вистински пат и од него откажување нема – рече Заев.

За кандидатот на Алијанса за Албанците и Беса, Блерим Река, Заев рече дека го почитува, но дека влегол во партиски филмови.

-Ја повикува само албанската заедница, не му треба тоа. Ние сме заедно, сме опстоиле заедно, и само заедно ќе опстоиме – додаде Заев.

Тој рече дека кандидат за претседател можеле да бидат Оливер Спасовски, Никола Димитров или Радмила Шекеринска, но одлуката паднала на Стево Пендаровски за да се обединат сите партии уште во првиот круг.

Поврзани новости