Заев: Македонија испорача модел за решавање на спорови, сега Европа е должна да испорача препорака

by fokus 20:24
20:24

Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју на телевизија 1ТВ рече дека сега Европа е должна да и испорача препорака на Македонија, бидејќи Македонија испорача многу повеќе од реформи.

-Дојдовме до тоа граѓаните да одлучат, еј граѓаните да одлучат за тоа каде сакаат да оди нашата Македонија. Нема план Б за Македонија, знаат и граѓаните и затоа се на НАТО и ЕУ. Сакаме да живееме на рамниште со западните земји каде владее правото, економијата блеска. Јас сум убеден дека граѓаните ќе ја донесат одлуката. За мене дополнителна мотивација ќе стигне ако НАТО и ЕУ ја испратат охрабробувачката порака кон граѓаните. Македонија не само што испорача реформи, туку испорача модели за решавање на спорови. Европа е должна да испорача. Убаво и претедателот на Франција да се охрабри, рече Заев.

- Advertisements -

Поврзани новости