Премиерот Зоран Заев упати празнична честитка до христијанските верници од соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица. „Македонија е се што имаме“, порача тој и одби да одговори на политички прашања во чест на големиот христијански празник.
– Ова е еден од нашите поголеми христијански празници кога не личи да сме во нашите цркви, во нашите храмови со нашиот народ за да споделуваме христијански вредности. Споделувањето на христијанските вредности значи дека сме добри луѓе, кои сакаме да си помагаме, меѓусебно да си пружиме рака и заедно да се надеваме на подобра иднина на сите нас. Македонија е се што имаме, а нашата црква е нашиот покровител, надевајќи се дека овие празници ќе ни ја вратат добрината во душата за да продолжиме да бидеме пред се добри луѓе. Нека ни е честит празникот, Успение на Пресвета Богородица – рече Заев.
Попладнево Заев ќе ја посети и црквата „Пресвета Богородица“ во близина на Берово.