Заев: Кризната состојба е прогласена за рационално користење на националните ресурси

by fokus

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за постоење кризна состојба на терироријата на државата, во траење од 30 дена, заради зголемената појава на пожари и спречување на нивното ширење, напиша на фејсбук премиерот Зоран Заев.

-Одлуката е на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, чии членови на седницата која се одржа на 4.8.2021 година во попладневните часови го прифатија предлогот на Групата за процена за утврдување на постоење на кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија заради зголемена појава на пожари.

Одлуката за постоење на кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија заради зголемена појава на пожари и спречување од нивно ширење во траење од 30 дена е донесена со оглед на потребата од рационално користење на националните ресурси и координираното дејствување на сите засегнати институции, заради зголемената појава на пожари и спречување на нивно ширење, напиша Заев.

Поврзани новости