Заев: Крајната цел е да нема граници меѓу С. Македонија, Србија и Албанија

by fokus

Премиерот Зоран Заев на денешниот Економски форум во Скопје порача дека крајна цел на „Мини Шенгенот“ е да нема граници меѓу Македонија, Србија и Албанија. Тој напомена дека иницијативата е отворена за сите земји од Западен Балкан.

-Нашата крајна цел е да постигнеме да нема воопшто застанување на границите меѓу Србија, Северна Македонија, Албанија, а се надеваме понатаму и пошироко. Второ, да ги подготвиме сите владини политики за слободно движење на услуги преку заемно признавање на професионалните квалификации, воведување систем без дозволи  за интеркомпаниски трансфери. Трето, да го прошириме слободното движење на граѓаните преку овозможување мобилност на студенти, научници. Дополнително да го олесниме слободното движење на капиталот. Денеска ќе бидат потпишани три важни договори во оваа насока.  Го слушнавме барањето на бизнисмените: помалку историја, повеќе економија. Неуспехот на ЕУ да ги исполни ветувањата кон Западен Балкан е против интересите на ЕУ. Но, ние не можеме  да чекаме сите внтрешни проблеми на ЕУ да се решат за нашата економија да оди напред. Ние сме тука кога ЕУ ќе биде подготвена. Ние сме тука со подготвени економски иницијативи за кои ќе зборуваме денеска. Се надевам дека ЕУ ќе најде можност и да финансира дел од нив, порача Заев.

Поврзани новости