Заев контра Таравари: Дојден сум да барам поддршка за Бејта

by fokus 21:05
21:05

Зоран Заев денеска во Гостивар рече дека е дојден за да побара поддршка за кандидатот на ДУИ, Невзат Бејта. Но, и порача дека најдобро би било противкандидатот на Бејта, Арбен Таравари да остане министер во неговата влада.

-Јас сум дојден да побарам поддршка за Невзат Бејта, но и да дадам збор. Знам дека ако добие поддршка од централната власт тој ќе направи Гостивар да сјае. Од другата страна имаме кандидат кој е министер во мојата влада. Знам и дека кандидатурата на Арбен, и на Бејта не му по ќеиф. Ајде да постигнеме договор во Гостивар и предлагам: секој да си ја гледа својата работа. Јас премиерската, докторот да го гледа здравството, а Невзат да си ја води општината. Општината не ја познава никој подобро од него, рече Заев.

- Advertising -

Поврзани новости