Заев: Кој ќе им ги плати казните на граѓаните ако го бојкотираат пописот?

by fokus

Премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање на почетокот на изградба на спортска сала во Стајковци рече дека ако некој македонски политичар даде инструкции граѓаните да не се попишуваат, тогаш помлаку Македонци ќе бидат попишани.

-Не гледам ниту промил причини за негово одложување или неспроведување. Никаде, па ни кај нас, посебно затоа што немаме потпис повеќе од 10 години. Мене ми е драго што кај опозицијата не го гледам зборот ‘бојкот’, туку ‘непризнавање на резултатите’, зашто да терате некој на бојкот е да ги терате граѓаните да го кршат законот. Кој ќе им ги плати казните на граѓаните што ги ставил во такви околности. Ако било кој македонски политичар даде инструкции да седат граѓаните дома, тогаш тие македонски граѓани ќе бидат помалку попишани. Албански политичар може истото да го направи, и тогаш Албанци ќе бидат попишани помалку. Истото е и со Бошњаци, Турци, Срби, Власи, Роми… Или ако организираат во Карбинци, Кочани, Делчево, Дебар… Тие граѓани ќе патат, за тие општини ќе нема соодветно пари според проекциите на државата, вели Заев.

Поврзани новости