Заев ќе стане премиер следната недела, откако викендов ќе биде реизбран за партиски лидер

by Фокус 13:06
13:06

Новата влада ќе биде формирана следната недела, откако викендов ќе се оддржи редовниот партиски конгрес на СДСМ, на кој ќе се бира нов партиски лидер, заменик-претседател и Централен и Надзорен одбор, кои понатаму треба да изберат нов генерален секретар, потпретседатели и Извршен одбор, велат добро упатени извори од редовите на социјалдемократите.

-Во меѓувреме, продолжуваат контактите и средбите со претставници на сите потенцијални владини партнери, но нереално е да се очекува дека работата ќе биде завршена денеска, а не верувам дека ќе биде и викендов. Моментално, посветени сме на конгресот – изјави висок партиски функционер.

- Advertisements -

Инаку, целиот процес се одолговлекува поради тоа што БЕСА, како што посочуваат од оваа партија, го условува учеството во владата со прифаќање на неколку принципи – редефинирање, целосно прифаќање на албанската декларација, како и формирање на транспарентна влада без инкриминирани лица, која ќе има временки ограничен мандат и ќе владее балансирано.

-Ние испративме писмен документ до СДСМ во кој се разработени нашите принципи, па чекаме и писмен одговор за кој ќе расправаат нашите партиски органи и ќе донесеме конечна одлука дали ќе учествуваме во владата или ќе ја поддржуваме без да учествуваме во неа – истакнува соговорник од БЕСА.

Покрај формирање на владин кабинет, според информации на Фокус, во преговорите меѓу СДСМ, ДУИ, БЕСА и Алијансата за Албанците се разговара и за изменување и дополнување владината програма, која мандатарот Зоран Заев ја промовираше после парламентарните избори.

В.С.

Поврзани новости