Заев: Ќе соработуваме со опозицијата, со претседателот и со НВО

by fokus

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со вицепремиерите Бујар Османи и Радмила Шекеринска, денеска во Владата се сретнале со амбасадорите на земјите-членки на Европската унија.

При средбата Заев нагласил дека заради подобрата иднина на земјата и на сите граѓани, власта ќе соработува со опозицијата, со претседателот на државата и со граѓанскиот сектор.

„Посветени сме на дефинирање краткорочна и среднорочна агенда за ургентните реформски приоритети. За тоа ќе разговарам и со еврокомесарот Хан во Брисел. Евро-атлантските интеграции се стратешка цел на Македонија  и интерес на граѓаните на Македонија е да добие демократски институции“, рекол премиерот пред амбасадорите, соопштуваат од Владата.

На средбата, како клучни области во коишто се потребни итни реформи заеднички се посочени судството, медиумите, обезбедување независни професионални институции, функционалност на Парламентот.

Средбата се одржува три дена пред првата официјална посета на на Заев на Брисел.

Поврзани новости