Заев ќе се сретне со Трамп на Генералното собрание на ОН

by fokus

Премиерот Зоран Заев, вицепремиер Бујар Османи и министерите Никола Димитров, Венко Филипче и Насер Нуредини, од 23 до 28 септември ќе учествуваат во работата на Генералното собрание (ГС) на Обединетите нации во Њујорк, кое оваа година се одржува по 74-ти пат.

Заев и министрите во делегацијата ќе учествуваат во работата на форумите во рамките на четирите самити кои оваа година се организирани, во Самит за климатските промени, Самит за универзален пристап до квалитетни здравствени услуги, Самит за целите за одржлив развој и Самит за финансирање на развојот.

Програмата на премиерот Заев предвидува официјална средба со Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, како и присуство на приемот на покана од претседателот на САД Доналд Трамп и сопругата Меланија, по повод одржувањето на 74-тото Генералното собрание на ОН.

Интензивната програма на премиерот Заев и на делегацијата на Владатана  Македонија на овој настан од глобални димензии, е исполнета и со голем број билатерални средби и учества на настани и дискусии во организација на шефови на држави или влади, како и во организација на тинк-тенк и други меѓународни организации и академски и медиумски институции.

Официјалното обраќање на претседателот на Заев на Генералното Собрание на Обединетите Нации е предвидено за 28 септември, во претпладневната сесија.

Поврзани новости