Заев ќе потпише меморандум со ДКАФ за помош при реформата на разузнавачките служби

by fokus

Владата на Република Македонија и Женевскиот Центар за демократска контрола на вооружените сили (ДКАФ) ќе потпишат Меморандум за разбирање за имплементација на Програмата за реформа на Секторот на разузнавачките служби на Република Македонија за периодот 2017-2020.

Со Меморандумот за разбирање се воспоставува рамка за стратешка соработка меѓу Владата на РМ и ДКАФ за остварување на добро управување во безбедносниот сектор на Република Македонија.

Меморандумот ќе го потпишат премиерот Зоран Заев и директорот на ДКАФ амбасадорот Томас Гурбер

Поврзани новости