Заев ќе одговара на пратенички прашања, ВМРО-ДПМНЕ нема да присуствува

by Fokus

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе се одржи седница за пратенички прашања.

Седницата за поставување пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот. Седницата требаше да се одржи на 25 јануари, но е одложена за 31-во поради учеството на премиерот Зоран Заев на Економскиот форум во Давос, а и поради тоа што на седницата би можеле да присуствуваат и сите министри.

Според Деловникот прашања на премиерот и министри први треба да им постават пратеници од опозицијата, па потоа од владејачкото мнозинство. На седницата повторно, според најавите нема да учествуваат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. 

Поврзани новости