Заев: Ќе има 63 пратеници, но од здружената опозиција со граѓаните!

by fokus 19:27
19:27

-Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заев реагираше на денешниот собир на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, каде Никола Груевски во еуфорична атмосфера најави сигурна победа на изборите и побара 63 пратеници од своите приврзаници.

-Побарал Груевски од граѓаните 63 пратеници …Ќе има 63 пратеници но од здружената опозиција со граѓаните, за никогаш повеќе да не ја уценува Македонија. Заврши времето на автократија. Доаѓа време на правда, слобода, демократија и единство. Доаѓа време на живот во Македонија. Македонија ќе го порази режимот -напиша на Фејсбук Заев.

- Advertisements -

Поврзани новости