Заев ќе гради Клинички центар кој е четири пати поскап од оној кој се гради во Србија, тврди Мицкоски

by fokus

СДСМ и Заев ќе гради Клинички центар кој е четири пати поскап од оној кој во моментов се гради во Србија, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во дневникот на Сител телевизија.

-ВМРО-ДПМНЕ реагираше така како што реагираше околу изградбата на тој фамозен Клинички центар, кои што гледам сега во овие 8 милијарди евра повторно се најавува и тоа со сума од минимум 500 милиони евра. Овој документ што го држам во рака е за новиот Клинички центар којшто практично во септември треба да се изгради во Србија, а веќе се гради, и овој Клинички центар кој што е идентичен на нашиот со 1000 болнички кревети и други работи чини верувале или не 125 милиони евра. Или четири пати помалку од оној клинички центар што планира хибридниот режим на СДСМ и Зоран Заев да го изградат. Епа ако ова не е пљачка и криминал во најава, тогаш не знам за што ние зборуваме, рече Мицкоски.

Нашиот концепт за изградба на Клиничкиот центар, рече Мицкоски односно концептот на ВМРО-ДПМНЕ е токму како тој што се гради во Србија.

-Ако во 2016-тата и 2017-тата година не се поништи тој тендер, денес граѓаните ќе имаа Клинички центар и реновирани клинички болници во рамките на „Мајка Тереза”. Но, за жал трчајќи по провизии здравјето на граѓаните повторно се става на коцка и за жал граѓаните кај нашиот северен сосед ќе имаат кои ние требаше да го имаме, а го немаме. Туку имаме во најава пљачка од повеќе од милијарда евра, изјави Мицкоски.

Во врска со аферата што ја отвори ВМРО-ДПМНЕ за наводна изнуда на пари во РЕК Битола, Мицкоски кажа дека информации за оваа афера им ги дало лице од високото раководство на СДСМ и очекува обвинителството да постапува по документите што ги предадоа.

-Ние како политичка партија ги доставивме документите и доказите за да се спроведе процедура од ЈО, исто така документите докажуваат дека луѓето кои ги дале информациите не се партиски послушници како што СДСМ сака да ги прикаже пред јавноста, задскривајќи ги криминалите во сопствениот двор, рече Мицкоски.

Според ВМРО-ДПМНЕ бизнисменот Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев, се обидел да изнуди 250.000 евра од фирма што добила тендер од РЕК Битола.

Поврзани новости