Заев: Ќе го вратиме мерцедесот на Груевски од 600 илјади евра и ќе набавиме амбулантски возила

by Fokus

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на вечерашниот митинг пред Влада истакна дека сите без сомнеж покажуваат дека Македонија се менува.

– Ви благодарам на довербата да работиме заедно. Нема да ја изневерам вашата доверба. Ви ветувам, го имате мојот збор. Да ја ослободиме Македонија од остатоците на режимот кој пустошеше. Да стигне слободата во секое катче. Од вас граѓаните барам поддршка како здружена коалиција да изградиме слободни и услужни градови. Ја враќаме слободата, ги враќаме парите кај граѓаните – истакна Заев.

Тој додаде дека ставиле крај на ерата на расипничко трошење на парите на граѓаните.

– Од тука ќе најавам, ќе го вратиме мерцедсот на Груевски од 600 илјади евра и со тие пари ќе набавиме амбулантски возила – потврди Заев.

Поврзани новости