Заев: Ќе го решиме спорот за името и ќе останеме горди Македонци

by Фокус

Доста беше лажен патриотизам, Македонија ќе биде 30-та членка на НАТО и ќе почне преговори со ЕУ, рече на вечерашниот митинг во Прилеп Зоран Заев, лидер на СДСМ. Како што истакна тој, Македонија ќе го реши проблемот со името, а граѓаните ќе бидат горди Македонци.

– Ќе покажеме дека можеме да решаваме проблеми со пријателство и добар дух зашто нашата иднина се ЕУ и НАТО. Доаѓа ново време за нашата земја, Македонија е разбудена – изјави Заев.

 

Поврзани новости