Заев: Ќе ги вклучиме сите во реформските процеси

by Fokus

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Република Италија во Македонија, Карло Ромео. Клучни теми на состанокот беа евро-атланската иднина на Република Македонија и унапредувањето на соработката помеѓу Македонија и Италија.

– Посветени сме силно на реформите, затоа што тоа е патот на Македонија кон ЕУ и НАТО и кон квалитетен живот за граѓаните на Македонија – рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата на Македонија најави конструктивни политики со сите политички субјекти и институции во државата, како и интегрирање на експертската јавност во реформскиот процес важен за перспективите на државата.

Констатирано е дека една од важните реформи за граѓаните и за Македонија е обезбедување услови за независно правосудство. Премиерот Заев најави дека новата Влада ќе води политики на градење и почитување независни институции што ќе работат за доброто на сите граѓани.

– Ветивме дека Македонија ќе биде правна држава и дека правдата ќе биде достапна на сите. Ова е од интерес на сите граѓани и се надевам на широка свест и поддршка – рече премиерот Заев.

 

Поврзани новости