Заев: Ќе ги подобрам условите во затворите

by fokus

Премиерот Заев на средба со претставници на Комитетот за превенција од тортура на Советот на Европа вети дека владата ќе ги промени состојбите во затворите согласно препораките.

– Ние ќе ги промениме овие состојби и ќе ги спроведеме препораките на Комитетот. Со тоа ќе им дадеме причина на делегатите во Советот на Европа дека Република Македонија не заслужува таква слика за неа. Нам ни се исклучително важни стандардите на Советот на Европа во однос на човековите права и оваа влада нема да направи ништо за да ги наруши. Но, нам исто толку ни се важни овие реформи заради нас, заради нашите граѓани – истакна премиерот Заев на средбата со Миколај Гњатовскиј, Претседател на Комиетот за превенција од тортура, рече премиерот Заев на средбата со Микола Гњатовскиј и Хју Чедвинд од Комитетот за превенција од тортура.

Претседателот на Комитетот Микола Гњатовскиј, му оддаде признание на премиерот Заев за првите позитивни чекори и мерки за промени во истражните и затворските постапки и процедури во Република Македонија, и му пренесе дека посетата на премиерот на затворот Идризово, и изјавата после посетата, биле исклучително позитивно примени во Стразбур.

– Гледаме дека имате јасна претстава што ви претстои и што треба да се направи. За нас во комитетот во Стразбур е многу важно да воспоставиме и да го одржуваме отворениот дијалог и соработка за овие прашања, особено заради искуството со претходната владина гарнитура која не исполни ниту едно од ветувањата и не имплементираше ништо од нашите препораки кои произлегоа од загрижувачките услови во затворските институции, како и во постапките на полицијата – забележа Претседателот на Комитетот за превенција од тортура.

Поврзани новости