Заев ќе дава поголеми субвенции за земјоделците

by fokus

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, како дел од предизборната кампања, денеска беше во посета на Могила во Прилеп од каде најави зголемување на субвенциите за земјоделците.

-160 милиони евра годишно ќе даваме субвенции. Субвенциите ќе бидат наменети за да стигнат кај вистинските земјоделци. За набавката за секое ново грло добиток, ќе имаме зголемена за 30% повисока субвенција се со конечна цел да расте стадото кај сточарите. За секој нов хектар земјоделска површина ќе одобриме 20% повисока субвенција којашто во просек значи 2.500 денари повеќе, од тоа што денеска се дава по хектар површина, вети Заев.

Заев нагласи дека ваквите мерки имаат конечна цел да ги зголемат приходите кај самите земјоделци и да мотивираат зголемена продуктивност, а со субвенционирањето да се постигне конечна цел и ефект, а тоа е парите да останат кај земјоделците.

Поврзани новости