ЗАЕВ: Ќе има персонални промени во Судскиот совет и во Врховниот суд

by Фокус

Во интервју за Фокус, лидерот на СДСМ најави промени и во Судскиот совет и во Врховниот суд. Ова прашање ќе се отовори на работните групи како дел од препораките во извештајот на Прибе за Македонија.

ФОКУС: Дали по враќањето во парламентот ќе инсистирате на промени во Судскиот совет или сметате дека самите судии ќе се ослободат од притисокот?

ЗАЕВ: Апсолутно, дел од независноста ќе ја донесат персонални промени, дел процедурални промени во делот на изборот. Но, луѓето што биле извршители на власта во Судскиот совет, во Врховниот суд,  претседатели на судови, тие не може да бидат решение на проблемот со независноста на судството. Тие се потврда за зависноста на судството како главни извршители на власта. Кадровски промени мора да има.

ФОКУС: Ќе ги барате по враќањето во парламентот?

ЗАЕВ: Ние веќе ги бараме во работната група која договара и преговара за имплементација на препораките на Прибе. Од ова ќе имаме трајна придобивка. По изборите во април ќе остане патоказот. Како ќе ги поставиме сега темелите, така ќе функционира Македонија и во иднина. Дали сакаме демократска земја или не?

Целото интервју на Заев за Фокус можете да го прочитате во најновиот број на весникот

Поврзани новости