Заев-Јазбец: Потребни се реформи во правосудството, за конечно да профункционира правната држава

by Fokus

Прeмиерот Зоран Заев, попладнево се сретна со амбасадорот на Словенија во Македонија, Милан Јазбец.

На средбата е изразена силна поддршка за новата реформска Влада предводена од премиерот Заев, како можност за најсериозен исчекор досега на Македонија во евроатлантските интеграции.

„Владата презема обврска и ќе ги спроведе потребните реформи што треба да донесат добра иднина на граѓаните и на Република Македонија“, рече премиерот Заев.

На состанокот посебно е нагласена потребата за реформи во правосудството што треба да обезбеди функционирање на правната држава.

 

Поврзани новости