Заев: Јас и Груевски сме во постојана комуникација

by fokus

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска беше во посета на Битола каде повика на воздржаност додека надлежните институции не ги објават конечните резултати од изборите, односно додека не се произнесе ДИК, а потоа ако треба и Управниот суд.

Заев кажа и дека тој и Никола Груевски се во постојана комуникација, како што биле и за време на изборниот молк.

-Времето на Груевски зарши. Тој во никој случај нема да формира влада, а убеден сум дека и тој самиот го знае тоа. Затоа повикувам да не се палат страстите кај граѓаните, иако јавноста не знае дека јас и Груевски сме постојано во комуникација, како што бевме и за време на изборниот молк. Затоа повикувам да не се делиме повеќе и да почекаме претседателот Ѓорге Иванов да го додели мандатот за новата влада на победникот на изборите, откако надлежните институции ќе ги потврдат резултатите, изјави Заев.

Поврзани новости