Заев ја промовираше новата владина програма: Ќе работиме на враќање на парите кај граѓаните и намалување на трошоците за живот

by Fokus

Мандатарот Зоран Заев не денешната седница ја промовираше новата владина програма со која треба да го стартува четиригодишниот мандат.

Тој нагласи дека денес застанува пред сите во салата и надвор од неа и верува дека Македонија конечно ќе ја добие битката за демократија.

– Најавувам дека ќе предводам реформска влада. Се обраќам на лозарите, сточарите, земјоделците, на лекарите, пациентите, професорите, учениците ветувајќи им дека носиме живот во Македонија. Новата влада ќе биде посветена на економијата, силни институции и права за сите, на Европската Унија и НАТО. Пред вас, народните избраници ја барам довербата за состав на новата влада. Ќе работиме чесно и посветено, исклучиво за потребите на граѓаните, да живеат спокојно и квалитетно – истакна Заев.

Според него, Македонија ќе биде држава на сите граѓани.

– Ќе ја развиваме Македонија во Европската унија и НАТО. Наша цел е почеток на преговори со ЕУ во најкраток можен рок, како и членство во НАТО. Минималната плата ќе ја зголемиме на 12.000 денари. Наша цел е до 30.000 денари просечена нето плата. Новата влада ќе води политики на нанвремено плаќање кон претпријатијата. Паралелно ќе работиме на враќање на парите кај граѓаните и намалување на трошоците за живот – додава Заев.

 

 

Поврзани новости