Заев: Ја прифатив оставката на Рашковски

by fokus

Драги Рашковски утрово објави дека на 12 април поднел оставка од функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата на Владата и на стратешки проекти.

По информацијата, премиерот Зоран Заев за “Фокус” кусо изјави дека ја прифатил оставката.

-Да, ја прифатив оставката, ни изјави премиерот Заев.

Рашковски во оставката наведува дека повлекувањето е поврзано со зачувување на достоинството и интегритетот.

Неговото име во последниот период е поврзано со неколку афери.

-За некој на кого во светски рамки има добиено 11 златни и 32 сребрени медали за своите иновации е деградирање на интелектуалниот капацитет споредбите кои се прават од страна на одредена јавност. Останува на времето да покаже која е вистинската причина за тоа, пишува Рашковски во оставката.

В.В.

Поврзани новости