Заев ја предложи Дескоска за министерка за правда, а Адеми за министер за образование

by fokus 20:14
20:14

Премиерот Зоран Заев попладнево го испрати предлогот за промена на составот на Владата до Собранието на Република Македонија.

Досегашната министерка за образование Рената Тренеска Дескоска е предложена за нова министерка за правда, а за министер за образование нејзиниот актуелен заменик Арбр Адеми, кадар на ДУИ.

- Advertisements -

За министер за култура е предложен Асаф Адеми, кој доаѓа од Беса, додека за министер без ресор е предложен Бардул Даути, која доаѓа од ДПА.

Се очекува, седницата за реконструкција на Владата да се одржи во текот на следната недела.

Предлогот на Владата официјално утре изутрина ќе биде достапен на веб-страната на Собранието, информираат од таму.

Поврзани новости